Достапни линкови

logo-print

САД следната година ќе примат повеќе бегалци


САД следната година ќе настојуваат да примат 110 илјади бегалци од целиот свет, што е повеќе од сегашните 85 илјади, дозволени со оваа фискална година, пренесе денеска висок претставник на администрацијата на Барак Обама. Но и оваа бројка, според активистите за човекови права е далеку од нивото потребно за решавање на бегалските кризи кои произлегоа од војната во Сирија и насилствата во Ирак и Авганистан. Само во Европа минатата година влегоа повеќе од еден милион бегалци. Американскиот државен секретар Џон Кери претходно наговести дека цифрата може да се зголеми на 100 илјади и дека тоа е најниското ниво, а не горниот лимит.

XS
SM
MD
LG