Достапни линкови

Руски авиони бомбардирале цели на ИД во Сирија


Руските сили извршиле воздушни напади врз борци на Исламската држава кои подготвувале напад врз сирискиот град Палмира.

Руските новински агенции повикувајќи се на изјавите на Високиот руски воен офицер Виктор Позникир, соопштија дека руски авиони бомбардирале област северно од Палмира, каде се концентрирани борците на ИД. Според Позникир 250 борци загинале, а уништено е и оружје во нападите. Тој, исто така, повика на продолжување на примирјето за уште 48 часа. Тој додава дека досега бунтовниците 60 пати го прекинале примирјето кое започна на зајдисонце на 12 септември. Примирјето не се однесува на екстремистичките групи.

XS
SM
MD
LG