Достапни линкови

Лавров и Кери зборувале за примирјето во Сирија


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека му пренел на својот американски колега Џон Кери, дека САД мораат да направат повеќе за поддршка на прекинот на огнот во Сирија. Лавров побарал од Кери да го оддржат ветувањето дека ќе ги одвојат умерените сириски опозициски борци од терористите, како борците на Џабат Фатах ал Шам (порано познати како Нусра Фронт) и од другите борци, соопшти Лавров.

„Двајцата соговорници разговарале заеднички да се борат против бунтовниците на Џабат Фатах ал Шам и на Исламската држава“, соопшти руското Министерството за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG