Достапни линкови

Активистот Џемилев предложен за наградата Сахаров


Европската народна партија, најголемата политички партија во Европскиот парламент, ќе го номинира политичарот Мустафа Џемилев за наградата Сахаров за 2016. Џемилев е кримски Татар. Претходно тој беше номиниран и од страна на Европските конзервативци и од Партијата за реформи. Се очекува Џемилев да се најде во потесниот круг од тројца кандидати за наградата за која Комитетот за надворешни работи и развој треба да гласа на 11 октомври. На 27 откомври Европскиот парламент треба да одлучи кој ќе ја добие наградата.

Џемилев е украински пратеник и активист за човекови права. Тој е поранешен лидер на кримските Татари кои остро се спротивставија на руската анексија на полуостровот во 2014. Тој сега живее во Киев, откако руските власти му забранија пет години да влегува во Крим.

Наградата Сахаров е парична и е во висина од 50 илјади евра. Се доделува од 1988 година на поединци и организации кои ги бранат човековите права и слободи.


XS
SM
MD
LG