Достапни линкови

Професори осомничени во „Еразмус“ нема да предаваат


Четворица професори, осомничени со случајот „Еразмус“, за барање мито од студенти и за корупција, добија забрана за работа. Тие нема да предаваат на Економскиот факултет во Скопје, откако судија на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството. Обвинителството побара да им се определи мерка за претпазливост, односно забрана за работни активности, кои се поврзани со кривичното дело. Забраната ќе трае додека постои потреба, а најдолго до правосилност на пресудата, информират од скопскиот Кривичен суд. Обвинителот за две лица инволвирани во „Еразмус“ ја повлекол мерката претпазливост.

XS
SM
MD
LG