Достапни линкови

Орбан и Борисов бараат подобра одбрана на бугарската граница


Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека иднината на ЕУ ќе биде одлучена на границата на Бугарија со Турција, а не во Брисел, и ја повика Унијата да обезбеди повеќе пари за Бугарија со цел да и помогне да ја подобри одбраната на нејзините граници.

Орбан, со неговиот бугарски колега Бојко Борисов ја обиколи оградата со бодликава жица во бугарското село Лесово, која е дел од рутата на мигратите на патот кон ЕУ.

Тој додаде дека Европа малку се грижи за Бугарија и ја повика заедницата да и помогне на земјата.

Борисов, кој бара итна помош во висина од 160 милиони евра од ЕУ, со цел да ја унапреди граничната безбедност на Бугарија, објасно дека „без заеднички напори на сите земји членки на ЕУ, нe може да се најде долгорочно решение“.

XS
SM
MD
LG