Достапни линкови

logo-print

Средба на АВМУ и ДИК за претстојните избори


Од почетокот на мониторингот на медиумското известување во пресрет на изборите во декември 2016 година, Агенцијата за медиуми повторно започна да и доставува на ДИК седмични извештаи за сите преземени активности. Со почетокот на кампањата ќе се испраќаат дневни извештаи. Сите материјали добиени од Агенцијата, ДИК ги објавува на својата веб страница. И Агенцијата за медиуми ќе ги објавува сите извештаи кои ги доставува до ДИК.

Денеска членовите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и на Државната изборна комисија (ДИК) одржаа состанок за меѓусебно информирање и продолжување на соработката во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.

Соработката меѓу Агенцијата и ДИК се заснова на Меморандумот за соработка потпишан во февруари оваа година.

Досега до Агенцијата нема поднесено претставки во врска со известувањето на медиумите, освен, како што кажа првиот човек на Агенцијата, претставка од еден медиум којшто беше спомнат во негативен контекст од страна на еден член на Привременото тело.

XS
SM
MD
LG