Достапни линкови

Се проверува стабилноста на објекти по земјотресите


Институтот за земјотресно инженерство (ИЗИИС) досега извршил проценка на стабилност на 71 објект по серијата земјотреси што од неделата се регистрираат во скопското епицентрално подрачје.

Екипите на ИЗИИС до вчера до 12 часот посетиле и направиле проценка за стабилност на 16 градинки, 22 основни и осум средни училишта, еден факултет, пет здравствени установи, еден суд, осум административни објекти и 10 згради.

Од Институтот велат дека во објектите што ги посетени стабилноста не е нарушена, а просторитте каде имало неконструктивни оштетувања се затворени за употреба поради евентуални понатамошни оштетувања во услови на можни следни земјотреси, изјави Радмила Шалиќ од ИЗИИС.

Екипите на ИЗИИС и денеска се на терен и ги посетуваат објектите од јавен интерес со цел да направат проценка на стабилноста.

XS
SM
MD
LG