Достапни линкови

logo-print

Ќе се прекројуваат ли изборните единици?


Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Чичаковски смета дека надминувањето на законскиот праг на број на гласачи во изборните единици во земјата го доведува во прашање еднаквото право на глас.

Изборниот законик предвидува бројот на запишаните гласачи во шесте изборни региони во Македонија да не отстапува повеќе од пет проценти. Според последните податоци на ДИК, во Шестата изборна единица запишани се 310.721 гласач и има отстапување од 5,28 отсто.

Засега нема информации ниту од Министерството за правда, ниту од партиите дали до распуштањето на Парламентот ќе има предлог за прекројување на изборните единици.

Чичаковски денеска се сретна со претседателот и членовите на Агенцијата за медиуми.

XS
SM
MD
LG