Достапни линкови

Авганистанскиот претседател во посета на Индија


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани е во дводневна посета на Индија. Предвидено е тој да разговара со индискиот примиер Наренда Моди. Се очекува за време на посетата авганистанскиот претседател да побара зголемување на воената помош од индиските власти и опрема за авганистанските безбедносни сили, кои се борат со талибанските бунтовници. Авганистан набавува оружје и други материјали за одбрана од Индија, а минатата година Кабул доби четири хеликоптери Ми-25 од Индија. Двете земји одржуваат добри врски како баланс за соседен Пакистан, кој е обвинет за поддршка на талибанците. Откако ја презеде функцијата во 2014, ова е втора посета на Гани на Индија. Тој исто така ќе се сретне и со претставници на бизнис заедницата, а ќе одржи и говор во позната и ценета организација за анализи.

XS
SM
MD
LG