Достапни линкови

Словенецот Чеферин нов претседател на УЕФА


Александар Чеферин

Александар Чеферин

Претседателот на Словенечката фудбалска федерација Александар Чеферин е избран за нов шеф на УЕФА на денешниот вонреден конгрес во Атина. 48 годишниот Чеферин доби 42 гласа, а неговиот единствен ривал холанѓанецот Михаел Ван Праг, 13 гласови. Чеферин доаѓа на местото на Мишел Платини кој во мај годинава поднесе оставка откако му беше забрането четири години да се занимава со фудбал поради кршење на етичкиот кодекс на УЕФА. „Јас не сум шоумен и не давам нереални ветувања“, им изјави Чеферин на делегатите на Конгресот.

XS
SM
MD
LG