Достапни линкови

Руски хакери влегле во базата податоци на светската антидопинг агенција


REUTERS/Christinne Muschi/File Photo

REUTERS/Christinne Muschi/File Photo

Светската антидопинг агенција соопшти дека една од нејзините главни бази на податоци била нападната од руската хакерска група, позната како „Фенси беар“ за која се верува дека извршила и други вакви акции, вклучувајќи го и упадот во американската Демократска партија. Агенцијата прецизира дека станува збор за доверливи податоци за медицински испитувања на спортистите во светот. Некои од овие доверливи податоци веќе биле постирани на интернет. Портпаролот на Кремљ Димитри Песков ги отфрли сите можни наводи дека зад нападот стоела руската влада.

XS
SM
MD
LG