Достапни линкови

Нов инцидент над Персискиот залив меѓу Иран и САД


Иранската армија се закани дека ќе собори два авиона на американската морнарица во Персискиот залив. Иранските сили ги предупредиле американските авиони кои летале во меѓународниот воздушен простор дека ќе истрелаат ракети врз нив ако не го сменат курсот, соопшти Пентагон, наведувајќи дека авионите ја игнорирале заканата и ја продолжиле мисијата. Ова, според Стејт департментот, била 30 блиска средба меѓу двете страни годинава. Во меѓувреме Исламската Револуционерна гарда објави нов брз брод кој има за цел да го одвраќа присуството на американски бродови во Персискиот залив.

XS
SM
MD
LG