Достапни линкови

Обама: авторитарниот Путин е модел за Трамп


Американскиот претседател Барак Обама возврати на изјавата на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп кој го нарече послаб лидер од рускиот претседател Владимир Путин. Обама на митингот на демократите во Филаделфија изјави дека Трамп пред една недела настапил на руската државна телевизија да зборува за американската војска и да му изрази почит на Путин. „Можете да замислите Роналд Реган да идеализира некој на ваков начин?“, рече Обама, додавајќи: „Замислете што и се случило на Републиканската партија. Тие беа против Русија и авторитаризмот а за борба за слобода и демократија“.

XS
SM
MD
LG