Достапни линкови

logo-print

Тинејџер планирал напади во Лондон


Британското обвинителство денеска покрена обвинение против тинејџер кој е осомничен дека планирал терористички напади во центарот на Лондон. Деветнаесетгодишниот Харун ал Саид беше уапсен минатата недела за вмешаност во подготовка на напади. Обвинителството наведува дека осомничениот се обидел да купи оружје и експлозив преку интернет за да може да изведе терористички напад. Тој останува во притвор до следното сослушување. Уште две момчиња беа уапсени тогаш, но потоа се пуштени со кауција.

XS
SM
MD
LG