Достапни линкови

logo-print

На Русија и се одземени два олимписки медали


Марија Абакумова.

Марија Абакумова.

На Русија и се одземени два олимписки медали поради скандалот со допинг. Станува збор за медали освоени на олимпијадата во Пекинг во 2008. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) соопшти денеска дека примероците на спортистката Марија Абакумова покажале дека таа се допингувала, со што и се одзема сребрениот медал во флање копје. Без медал останува и атлетичарот Денис Алексев кој помогна во освојувањето на бронзата за рускиот тим во штафетната трка 4х400 метри во Пекинг, Уште двајца спортисти се дискфалификувани, но тие не освоиле олимписки медали. Сите, според МОК, се позитивни на допинг.

XS
SM
MD
LG