Достапни линкови

Турција обвинува - силите на Асад го кршат примирјето


Во Сирија се повредени две лица во напади од страна на силите на сириската влада, пренее државната турска новинска агенција Анадолија. Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу претходно денеска ги обвини сириските сили на претседателот Башар ал Асад дека не го почитуваат прекинот на огнот кој го постигнаа САД и Русија. Анадолија наведува дека се повредени двајца луѓе во близина на градот Идлиб кој е под контрола на бунтовниците. Примирјето настапи на сила синоќа и генерално се почитува, со мали повреди.

XS
SM
MD
LG