Достапни линкови

Властите го истражуваат пожарот во печатница во Москва


Инженерот задолжен за заштита од пожари на печатницата во Москва каде што во пожар загинаа 17 луѓе, самиот се предаде на руските власти. Но тој одбива да признае вина за пожарот, соопштуваат од московскиот Оддел за истраги. Претходно властите го уапсија генералниот директор на печатницата. Двајцата се осомничени дека ги прекршиле прописите за безбедност во случај на пожар.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров вети дека руските власти ќе спроведат темелна истрага, а виновниците за трагедијата ќе одговараат пред законот. Во пожарот на 27 август загинаа тројца руски државјани и 14 луѓе од Киргистан, кои работеле во Москва. Сите загинати беа жени, а едната работничка била бремена.

XS
SM
MD
LG