Достапни линкови

Сепаратистите најавија еднострано примирје во Украина


Лидерот на Доњецк Олександр Захарченко и лидерот на сепаратистичкиот регион Луганск Ихор Плотнитски.

Лидерот на Доњецк Олександр Захарченко и лидерот на сепаратистичкиот регион Луганск Ихор Плотнитски.

Лидерите на Доњецк и Луганск, сепаратистичките региони во источна Украина, најавија еднострано примирје, со почеток на полноќ на 14 септември. Денеска на руската телевизија беше емитувана снимена изјава на лидерот на Доњецк Олександр Захарченко како вели дека сепаратистите се целосно посветена на мировниот договор потпишан во Минск и дека за нив тоа е единственото решение. Тој побара и Киев да го следи примерот.

Лидерот на сепаратистичкиот регион Луганск Ихор Плотнитски, даде слична изјава. Ова е првпат проруските сепаратисти да поддржат унилатерално примирје.

Нивните изјави доаѓаат на неколку часови откако украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека очекува наскоро парламентот да гласа за уставните амандмани со кои ќе им се даде автономија на регионите во источна Украина.


XS
SM
MD
LG