Достапни линкови

Примирјето во Сирија се почитува


Прекинот на огнот во Сирија генерално се почитува, со мали повреди. Примирјето започна вчера со заоѓањето на сонцето. Договорот до кој дојде со посредство на Русија и на САД, е втор обид оваа година од страна на двете земји да се стави крај на петгодишната граѓанска војна. Американскиот државен секретар Џон Кери ги предупреди завојуваните страни да го почитуваат договорот, оти, како што рече, можеби ова е последна шанса да се спаси обединета Сирија. Во северниот град Алепо, во кој се водеа жестоки борби изминатите месеци сега е мирно, велат активисти на опозицијата. Турската државна новинска агенција јави дека камиони на ОН од Турција се упатени кон Сирија за да достават хуманитарна помош.
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, јави за спорадично насилство во Хама и Дамаск.

XS
SM
MD
LG