Достапни линкови

Бокова останува кандидат на Бугарија за секретар на ОН


Бугарската Влада и понатаму ја поддржува Ирина Бокова како кандидат за генерален секретар на ОН, изјави денеска во Софија бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Медиумите изминативе денови шпекулираа дека Бугарија нема да и даде поддршка на Бокова и наместо неа ќе ја кандидира заменик-потпретседателката на Европската комисија, Кристалина Георгиева.

Советот за безбедност на ОН на 26 септември ќе одржи ново, петто гласање за генерален секретар, а потоа, како што се очекува, членките на Советот ќе бираат меѓу еден од двајцата кандидати кои ќе имаат најмногу гласови.

XS
SM
MD
LG