Достапни линкови

Средба Адеми - Жбогар за ЕУ предизвиците


За политичката состојба во Македонија и важноста да се одржат демократски парламентарни избори разговарале вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми и евроамбасадорот Самуел Шбогар. На средбата се зборувала и колку е важно да се исполнат обврските кои произлегуваат од Итните реформски приоритети. Тие зборувале и за тоа како да се обезбеди поефикасно планирање и искористување на ЕУ фондовите.

Вицепремиерот Адеми потврдил дека европската интеграција останува стратешки приоритет на Македонија и дека ќе продолжат сите активности за поефикасно реализирање на преземените обврски.

XS
SM
MD
LG