Достапни линкови

logo-print

Српско - германска акција за разбивање нарко картел


Во заедничката акција на српската и германска полиција разбиен е меѓународен нарко-картел, соопшти денеска српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ. Тој, на вонредната прес-конференција изјави дека со тоа апсење е зададен голем удар на наркокартелите, затоа што се запленети 303 килограми кокаин, 96 килограми канабис, 106 килограми хашиш и седум лаборатории за канабис во Србија и Германија. Вредноста на тие наркотици на уличните пазари се проценува на околу 20 милиони евра, а во текот на акцијата запленети се поголема сума на пари и оружје, рече Стефановиќ.

Лидер на навивачи на еден од фудбалските клубови од Белград и уште 29 луѓе се уапсени, додека за три лица се трага во големата акција на германската и српската полиција во борба против производство и трговија на наркотици.

Тие се товарат дека се занимавале со организација и промет на наркотици.

XS
SM
MD
LG