Достапни линкови

logo-print

Турција официјално побара од САД да го уапсат Ѓулен


Турското Министерство за правда официјално побара од САД да го уапсат Фетула Ѓулен, кого Анкара го обвинува за обидот за преврат на 15 јули. Турските власти испратиле писмено барање за времено притворање на исламскиот проповедник кој живее во САД од 1999 година.

Во барањето за апсење се тврди дека обидот за преврат од 15 јули бил извршен по наредба на Ѓулен и под негова команда.

Кон барањето е додаден и налогот за апсење, издаден од Суд во Анкара во врска со истрагата, која за Ѓулен ја води анкарското Обвинителство.

Барањето за апсење се упатува врз основа на билатералната спогодба меѓу Турција и САД за екстрадиција и казнени постапки за криминалци.

Ѓулен негира дека е вмешан во обидот за пуч во кој загинаа 270 луѓе, а во справувањето со последиците од него, туските власти уапсија и отпуштија од работа стотици илјади луѓе вработени во државниот сектор, но и во приватни фирми.

Турската влада го смета движењето на Ѓулен за терористичка организација и бара тој да се врати во Турција и да се соочи со судење. Но, Вашингтон побара Анкара да достави докази за вмешаноста на Ѓулен во обидот за преврт.

XS
SM
MD
LG