Достапни линкови

Кери: примирјето последна шанса за спас на Сирија


Американскиот државен секретар Џон Кери ги предупреди завојуваните страни во Сирија да го почитуваат прекинот на непријателствата што го договорија САД и Русија. Говорејќи неколку часа по стапувањето во сила на примирјето, Кери предупреди дека тоа би можело да биде последна шанса за мир во обединета Сирија. Тој изјави дека првичните извештаи покажуваат извесно намалување на насилствата, но додаде дека било премногу брзо да се донесе конечен заклучок за ефикасноста на примирјето. Кери прецизира дека, според договорот, силите на претседателот Башар ал Асад не би требало да ги бомбардираат позициите на сириската опозиција. Тие, како што рече, може да ги продолжат нападите врз исламските милитанти во одредени области.

XS
SM
MD
LG