Достапни линкови

logo-print

Помошта на ЕУ за Балканот попречувана од локалните власти


Помошта на Европската унија за земјите од Западен Балкан кои се надеваат дека ќе станат членки на Унијата е попречувана од „значителни недостатоци“ во националните влади, соопшти Европскиот ревизорски суд тело кое ги контролира финансиите на Европската унија. Во изввештајот се прецизира дека станува збор за „слаб административен капацитет“ и „недостиг на политичка волја за реформи на институциите“ во некои земји. Затоа Судот предлага намалување или запирање на финасирањето за да ги охрабри властите во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија да дејствуваат во согласност со барањата. Во извештајот се додава дека Западен Балкан од 2007 до 2014 година добил 5 милијарди и 100 милиони евра како дел одпретпристапна помош на Европската комисија.

XS
SM
MD
LG