Достапни линкови

Клинтон: се чувствувам добро


Демократскиот кандидат за претседател на САД Хилари Клинтон потврди дека имала моментална вртоглавица и оти ја загубила рамнотежата на комеморацијата на жртвите од терористичките напади во неделата во Њујорк. Но, таа изјави дека брзо се опоравила и оти сега се чувствувала многу подобро. „Сакам да се вратам што е можно побргу“, рече таа во интервју за Си Ен Ен, додавајќи дека тоа би било за неколку денови. Таа додаде дека веднаш не открила оти била болна од пневмонија бидејќи мислела дека не станува збор за нешто сериозно. Здравствената состојба на Клинтон ја зголеми загриженоста за нејзината физичка подготвеност да биде претседател на САД.

XS
SM
MD
LG