Достапни линкови

Во Сирија стапи на сила прекин на огнот


Прекинот на непријателствата во Сирија и официјално стапи на сила со заоѓањето на сонцето на 12 септември. Прекинот на огнот до кој дојде со посредство на Русија и на САД, е втор обид оваа година од страна на двете земји да се стави крај на петгодишната граѓанска војна. Договорено е примирје од една недела, а САД и Русија ќе се координираат во воздушните напади против екстремистичките групи.

Сириската војска соопшти дека ќе го почитуваат судумдневниот режим, но дека ќе го задржат правото да возвратат на каков било прекин на огнот. И бунтовничките групи кои се борат против силите на претседателот Башар ал Асад навестија дека ќе го почитуваат прекинот на огнот.

XS
SM
MD
LG