Достапни линкови

ЕУ: Грција да најде засолниште за децата мигранти


Грција мора да пронајде засолниште за 1.500 деца мигранти без надзор, кои според тврдења на групи за заштита на човекови права, се сместени во лоши услови, изјави денеска европската комесарка за правда Вера Јурова.

По посетата на Атина, Јурова рече дека тој проблем мора итно да се реши.

Организацијата Хјуман рајтс воч минатата недела соопшти дека деца мигранти повеќе од еден месец престојуваат во „ужасно услови“ и дека дури и некои од нив поради немање простор, биле заклучувани во полициски ќелии заедно со возрасни.

„Според грчката Влада, во таа држава има околу 3.500 малолетници без старатели вклучително и 300 кои се затворени во центри за прифаќање и уште 18 кои се во полициски притвор“, наведе Јурова.

ЕУ во викендот објави дека на Грција ќе и даде дополнителни 115 милиони евра за подобрување на условите во мигрантските кампови. Грчката Влада соопшти дека до крајот на септември ќе запише околу 18 илјади деца мигранти во школи.

XS
SM
MD
LG