Достапни линкови

logo-print

Камерон се повлекува и од парламентот


Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон денеска најави дека се повлекува и од парламентот. Тој си замина од премиерската функција по референдумот на 23 јуни за излез на земјата од ЕУ, затоа што тој водеше кампања Британија да остане дел од Унијата. Тој тогаш најави дека ќе остане пратеник, но не сака да има каква било лидерска позиција во Конзервативната партија. Камерон додава и дека премиерката Тереза Меј имала големо разбирање кога и најавил дека си заминува од парламентот. Тој вели дека се уште не одлучил што сака следно да работи, но дека сака да допринесува во јавниот живот. Конзервативната партија соопшти дека Камерон бил извонреден премиер, а неговото заминување е голема загуба за парламентот. Од друга страна лабуристите не покажаа големи симпати кон Камерон.

XS
SM
MD
LG