Достапни линкови

logo-print

Руско - украински разговори за враќање на долгот


Рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов.

Рускиот министер за финансии Антон Силуанов планира следниот месец да се состане со неговиот украински колега за да разговораат за долгот на Украина кон Русија.

Разговорите кои ќе се водат со посредство на Германија се планирани за време на состаноците на Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон на почетокот на октомври, изјави рускиот министер. Тоа ќе биде прва средба помеѓу Силуанов и украинскиот министер за финансии Олександар Дањаљук, кој беше назначен на функцијата на почетокот на годинава.

Во февруари, руската влада поднесе тужба во Високиот суд во Лондон со барање Украина да го врати долгот од 3 милијарди долари за еврообврзницата, плус камати.
Еврообврзницата беше издадена од владата на поранешниот претседател Виктор Јанукович на крајот на 2013 година и во целост беше купена од Русија. Русија одби да учествува во преструктуирање да украинскиот долг од 15 милијарди евра за што Украина преговара со другите доверители. Москва бара да биде третирана како самостоен доверител и бара подобар третман од приватните кредитори.

XS
SM
MD
LG