Достапни линкови

СДСМ со програма за извлекување од сиромаштија


Претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ Мила Царовска денеска најави програма за, како што рече, извлекување од сиромаштија, со која се предвидува секое четиричлено домаќинство во социјален ризик ќе добие 12.000 денари.

„Оваа програма ја воведуваме во три фази почнувајќи од 2017 година. Ќе ги намалиме даноците и за најсиромашните, зашто така е праведно. На овој начин ќе направиме постојано да се намалува бројот на семејства коишто не може да си го затоплат домот, коишто не може да ги платат трошоците на своите деца и коишто не може да обезбедат здрав оброк со месо за своето семејство“, рече Царовска, која беше во посета на селото Црних.

XS
SM
MD
LG