Достапни линкови

Словенија ќе ги применува Шенгенските правила за мигранти


Словенија строго ќе ги применува Шенгенските правила на границата со Хрватска во случај да се повтори минатогодишната мигрантска криза, изјави словенечкиот премиер Миро Церар по средбата со австрискиот канцелар Кристијан Керн. Тој вели дека Словенија веќе нема да дозволи вонреден хуманитарен влез на мигранти, туку строго ќе ги применува правилата на ЕУ.

Церар вели дека Словенија и Австрија прават сè што е потребно за подобра заштита на надворешните граници на ЕУ и нудат помош за контрола на евентуален миграциски бран, најмногу за Бугарија, Србија, Македонија и Грција.

XS
SM
MD
LG