Достапни линкови

Милитанти нападнале болница во Авганистан


Авганистанските безбедносни сили убиле двајца милитанти кои нападнаа болница во авганистанскиот град Кандахар. Локалните власти велат дека цел на нападот бил заменик-гувернер, кој бил во посета на болницата Мирваис во Кандахар, голем регионален објект што oбезбедува медицински услуги за жртвите во војната, вклучително и на војската и полицијата. Во судирите со милитантите е повреден еден полицаец. Ниту една група не презеде одговорноста за нападот, иако талибанските милитанти ги зголемија нападите против владините сили во јужниот дел на земјата, каде се наоѓа и Кандахар.

XS
SM
MD
LG