Достапни линкови

Ходорковски со проект „наместо Путин“


Рускиот тајкун и критичар на Кремљ, Михаил Ходорковски, започна проект за идентификување на замената за рускиот претседател Владимир Путин на претседателските избори во 2018 година.

Во денешното обраќање од Лондон, тој им кажа на новинарите во Москва дека проектот „Наместо Путин“ е објавен на интернет страницата vmestoputina.ru. Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков денеска изјави дека проектот на Ходорковски се спроведува од луѓе кои се неповратно отсечени од Русија и руската агенда. На интернет-страницата се наведени можните наследници на Путин, при што Русите, преку онлајн гласање, треба да го изберат нивниот фаворит. Меѓу наведените кандидати е лидерот на опозициската партија ПАРНАС, Михаил Касјанов, основачот на Антикорупцискиот фонд Алексеј Навални и лидерот на партијата Јаблоко, Григориј Јавлински.

Самиот Ходорковски ја отфрли можноста да се кандидира на изборите. Ходорковски, кој своевремено беше најбогат човек во Русија и директор на најважната нафтена компанија Јукос, одлежа 10 години во сибирски затвор поради даночно затајување и проневера. Тој тврди дека обвиненијата биле политички мотивирани. Тој ја напушти Русија откако Путин го помилува во декември 2013 година и живее највеќе во Швајцарија и во Велика Британија.

XS
SM
MD
LG