Достапни линкови

Мигранти протестираат на грчкиот остров Хиос


Архивска фоторагија.

Архивска фоторагија.

Во прифатен центар за мигранти на грчкиот остров Хиос денеска избувнаа немири, при што млади мигранти запалија душеци и друга постелнина во знак на протест против условите за живот во кампот и доцнењето во обработката на нивните барања за азил.

Полицијата интервенирала пред протестот да ескалира и нема извештаи за евентуални повредени лица.

Илјадници мигранти со недели, а некои и со месеци чекаат одговор на нивните барања за азил.

Грчката полиција претходно соопшти дека бројот на бегалци и мигранти кои бараат азил во Грција, а се заглавени на Лезбос достигна 5.159 лица, на Хиос се 3.596 и на Самос 1.095 бегалци и мигранти.

XS
SM
MD
LG