Достапни линкови

Експлозија во турскиот град Ван, десетици повредени


Во експлозијата на автомобил-бомба во турскиот град Ван, чија цел била окружната централа на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), повредени се 27 луѓе, соопштуваат од локалната полиција. Двајца од повредените се во критична состојба, потврдуваат властите. Зградата на партијата била добро обезбедувана и не претрпела големи штети. Засега не е јасно кој стои зад нападот кој е извршен на првиот ден од големиот муслимански празник Курбан Бајрам. За слични напади во минатото турските власти ги обвинуваа припадниците на Курдската работничка партија.

XS
SM
MD
LG