Достапни линкови

Авганистан финализира мировен договор со милитантна група


Авганистанскиот претседател Ашраф Гани изјави дека мировниот договор со милитантната група Хезб е Ислами е блиску до финализирање, со што се зголемуваат надежите дека децениската војна може да заврши. Преговорите започнаа во март, а ги води озлогласениот воен лидер Гулбудин Хекматјар. Постигнат е нацрт договор, но некои прашања се уште остануваа отворени, а тие се многу важни за спроведување на мирот, вели Гани.

Активистите за човекови права велат дека Хакматјар е одговорен за едни од најголемите злосторства извршени за време на граѓанската војна во деведесеттите години на минатиот век. А милитантната група исто така стои зад многу напади на американски и авганистански сили од 2001.

Официјалните власти се надеваат дека со договорот со Хезб а Ислами можат да се убедат талибанците да го прекинат својот бунт и да се приклучат на политичкиот процес.

XS
SM
MD
LG