Достапни линкови

Обвинителството предлага забрана за работа на обвинетите во „Еразмус“


Обвинителството предлага на обвинетите во предметот „Еразмус“ да им се забрани да работат, односно да предаваат на факултет, оти станува збор за професори на Економскиот факултет.

Од Обвинителството до Основен суд Скопје 1 доставиле предлог шест луѓе одвинети во предметот да добијат уште една забрана, оти како што се вели во соопштението, обвинетите продолжуваат да ги извршуваат своите работни активности во рамките на Економскиот факултет во Скопје и притоа се во секојдневен контакт со студенти, а со тоа и со оштетените и жртвите во кривичната постапка што се води.

„Со оглед на тоа што кривичните дела за кои се води постапка се поврзани како со извршувањето на нивните работни активности, така и со студентите и со меѓусебната комуникација на факултетот, јавниот обвинител цени дека со судска одлука на обвинетите треба да им се забрани да ги извршуваат работните активности до правосилното завршување на постапката.“, стои во соопштението.

XS
SM
MD
LG