Достапни линкови

Назарбаев ќе му оддаде почит на Каримов


Претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбаев пристигна во Узбекистан да му оддаде почит на починатиот претседател Ислам Каримов. Од Кабинетот на Назарбаев соопштија деа тој пристигнал во родниот град на Каримов, Самарканд, каде што е погребан узбекистанскиот претседател. Назарбаев ќе се сретне и со роднините на Каримов, а ќе одржи средба и со новиот претседател Шавкат Мирзијаев. Каримов беше на чело на Узбекистан 27 години, а по неговата смрт Назарбаев останува единствениот кој владее со една поранешна советска земја уште од распадот на Советскиот сојуз.

XS
SM
MD
LG