Достапни линкови

Последниот од земјотресите во Скопје, регистриран околу 21 часот


Последниот од серијата земјотреси што се случија во скопскиот регион е регистриран синоќа во 20 часот и 57 минути со магнитуда од 2,1 степен по Рихтер, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Најсилниот земјотрес беше почувствуван вчера во 15:10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер, а епицентарот беше на 7 километри источно од Скопје. По овој земјотрес, до околу 18 часот регистрирани беа околу 10 послаби земјотреси, од коишто со мали интензитети се осетени четири. Серијата земјотреси почнаа уште од изутрината кога беа регистрирани два потреси од страна на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија со јачина од 3,9, односно од 2,8 степени по Рихтер. Во серијата земјотреси што во текот на вчерашниот ден го погодија скопскиот регион причинети се материјални штети, а лекарска помош побарале стотина граѓани. Најчесто се повредиле при бегање од своите домови, а неколкумина се со скршеници. Дел од жителите во Скопје, особено станарите од повисоките згради, вознемирени од потресите излегоа на улица и во блиските паркови. Земјотресот предизвика и пречки со комуникацијата во мобилната телефонија, а во некои делови од градот имаше и проблеми при снабдувањето со електрична енергија. Пријавени се и помали штети на станбени објекти и на возила.

XS
SM
MD
LG