Достапни линкови

Северна Кореа пред шестта нуклеарна проба?


Северна Кореа била подготвена да изведе шестта нуклеарна проба, јавуваат медиумите во Јужна Кореа, цитирајќи извори во владата. Новинската агенција Јонхап денсека цитираше неименуван јужнокорејски владин претставник кој изјавил дека Северна Кореа ги извршила сите подготвки за уште еден нуклеарен тест. На 9 септември Пјонгјанг ја изврши петтата нуклеарна проба. Веднаш потоа Советот за безбедност на Обединетите нации се согласи да работи на дополнителни санкции против Пјонгјанг.

XS
SM
MD
LG