Достапни линкови

Хилари Клинтон го откажа патот за Калифорнија


Демократскиот кандидат за претседател на САД Хилари Клинтон има пневмонија, соопшти нејзиниот доктор откако таа ненадејно ја напушти комеморацијата по повод 15 годишнинатата од терористичките напади во Њујорк по што се сопнала пред да влезе во автомобилот. Во соопштението на нејзиниот доктор Лиза Бардак се наведува дека таа на комеморацијата дошла дехидрирана и со зголемена телесна темепература. Изборниот штаб на Клинтон соопшти дека таа го откажува за денеска планираното патување за Калифорнија. Поддржувачите на нејзиниот ривал, републиканскиот кандидат Доналд Трамп се обидуваат да направат случај дека Клинтон не е физички подготвена да биде шеф на Белата куќа.

XS
SM
MD
LG