Достапни линкови

logo-print

Нов земјотрес од 5 степени во Скопје и околината


Граѓани ги напуштија своите домови во зградите во населбата Карпош.

Граѓани ги напуштија своите домови во зградите во населбата Карпош.

Граѓани ги напуштија своите домови во зградите во населбата Карпош, откако трет земјотрес денеска беше почувствуван во Скопје и околината.

Попладнево во 15 и 10 часот нов земјотрес е регистриран со епицентар во Скопското епицентрално подрачје.

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 5 сетпени според Рихтер, а епицентарот бил на 7 километри источно од Скопје. Земјотресот е почувствуван и во Србија и Косово.

Новите потреси следат откако утринава во истото епицентрално подрачје беа регистрирани два потреси од страна на Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија со јачина од 3,9, односно од 2,8 степени по Рихтер.

XS
SM
MD
LG