Достапни линкови

Вашингтон и Токио со најсилни можни мерки против Пјонгјанг


Вашингтон и Токио ги спроведуваат „најсилните можни“ мерки против Северна Кореја, откако Пјонгјанг ја спроведе последната нуклеарна проба, изјави денеска високиот специјален претставник на Стејт департментот на САД за политиките на Северна Кореја, Сунг Ким. Тој сугерираше дека САД е можно да ги започне своите санкции. По средбата со неговиот јапонски колега Кенџи Канасуги во Токио, Ким изјави дека Вашингтон и Токио ќе го координираат својот одговор.

„Ќе имаме блиска заедничка соработка во Советот за безбедност и надвор од него, за да дојдеме на најсилните можни мерки против последните акции на Северна Кореја“, рече Ким.

XS
SM
MD
LG