Достапни линкови

Во Пакистан застрелан доктор од кампањата против полио


Вооружен напаѓач застрела висок член на пакистанската кампања за искоренувањето на детската парализа, во северозападниот дел на Пакистан. Доктор Закаула Кан бил член на кампањата за вакцинација против полио на Пешавар, во близина на немирниот пакистански племенски појас. Докторот бил застрелан од напаѓач на мотор во близина на неговиот дом. Отцепената талибанска група Џамаат ул – Ахрар ја презема одговорноста за нападот. Милитантите велат дека кампањата против полио е покритие за шпиони од Западот и зааговор за стерилизирање на пакистанските деца.

XS
SM
MD
LG