Достапни линкови

Загинати најмалку 20 милитанти на ИД во воздушни напади на Турција


Во воздушни напади на Турција загинале најмалку 20 милитанти на групата на Исламската држава во северна Сирија, соопшти денеска турската армија. Во изјавата не шефот на Генералштабот се вели дека воените авиони погодиле три згради кои се верува дека им припаѓаат на милитантите на ИД, како и возило и моторцикл. Шефот на војската рече дека операциите против ИД и борците на курдските милиции, кои беа започнати пред две недели, „ќе продолжат решително.“ Додека турските воени авиони гаѓаа цели на ИД, во областа избувнаа судири меѓу турските и курдскиете сили. Договорот за прекин на огнот меѓу САД и Русија треба да стапи на сила на 12 септември.

XS
SM
MD
LG