Достапни линкови

Парламентарни избори во Белорусија


Граѓаните на Белорусија денеска гласаат за нов парламентарен состав, во кој е сигурно дека ќе доминираат сојузниците на моќниот претседател Александар Лукашенко, кој петти мандат е на функција. Во Белорусија, повеќе од две децении не се одржува гласање кое е оценето како слободно или демократско и властите рутински ги казнуваат различните мислења, а медиумите се под цврст капак во 10-милионската пост советска земја.

Централната изборна комисија во земјата соопшти дека се регистрирани 521 кандидат за 110-члениот Долен дом на Парламентот. 176 кандидати се претставници на поделената опозиција. Казнувњата и апсењата на активистите и на ривалите на Лукашенко, ја направија опозицијата маргинализирана и ослабена. На последните парламентарни избори во 2012 година ОБСЕ изрази „сериозни загриженост“ за процесот и гласањето од самиот почеток го оцени како неконкурентно.

XS
SM
MD
LG