Достапни линкови

Хрватите гласаат на предвремени парламентарни избори


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Хрватите денеска започнаа да гласаат на предвремените парламентарни избори, кои се втори во помалку од една година и чии исход може да ја продолжи политичката неизвесност во најновата членка на Европската унија.

Гласачите ќе бираат меѓу сличните опции како на изборите во ноември 2015 година, кога немаше апсолутен победник, а беше формирана коалициска влада која едвај функционираше. Таа беше предводена од конзервативната партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ), која дојде на власт пред паѓањето во јуни, кога се случи скандалот за конфликт на интереси.

Во последната влада ХДЗ беше во коалиција со централно десничарската МОСТ на независни листи и со други слични помали партии.

Според анкетите се очекува Социјал демократската алијанса предводена од четири партии да освои 60 од вкупно 151 место во хрватскиот парламент, а нивниот конкурент ХДЗ, неколку места помалку. Право на глас имаат 3.8 милиони граѓани во 7.000 избирачки места.

XS
SM
MD
LG