Достапни линкови

САД одбележуваат 15 години од нападите на 11 септември


САД ја одбележува 15-годишнината од 11 септември 2001 година -терористичките напади во коишто загинаа речиси 3.000 луѓе. Нападот 9/11, во кој 19 терористи на Ал – Каеда киднапираа четири патнички авиони, беше најсмртоносниот терористички напад на територијата на САД.

Два авиони удрија во Светскиот трговски центар во Њујорк, по што кулите близначки се урнаа. Третиот авион удри во Пентагон во Вашингтон, додека четвртиот се урна во Пенсилванија, откако напаѓачите биле совладани од патниците.

Вчера во Њујорк им беше оддадена почит на 343 пожарникари кои загинаа кога кулите се урнаа.

Американските претседателски кандидати, Доналд Трамп и Хилари Клинтон се очекува да присуствуваат на комеморацијата на местото на Светскиот трговски центар. Двајцата се согласија на годишнината да се воздржат од кампања.

XS
SM
MD
LG